Posts

„Книготека“ поддржана од ФИТР – Создаваме успешни приказни!

„Книготека“ е првата македонска дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде на едно место може да се најдат изданијата на голем број домашни издавачки куќи.

„Нашата идеја започна пред неколку години со лансирањето на проектот Македоника. Станува збор за една благородна идеја за зачувување на целокупното македонско литературно наследство за што ја создадовме и фондацијата Македоника, како и бесплатната дигитална библиотека која овозможува читање на електронски книги“, истакна Марија Ичокаева од „Книготека“ пред присутните на настанот.

Додека го развивавме проектот со целиот тим, посочи Ичокаева, постојано го следевме пазарот на електронски книги и сфативме дека издавачите од целиот свет имаат голема потреба да креираат сопствена дигитална книжарница, како и да го прилагодат своето работење на денешните технолошки промени и брзиот развој на дигиталното општество.

„За таа цел, решивме да ја доразвиеме нашата платформа и да ја понудиме на издавачкиот пазар, а на тој пат најмногу во пресрет ни излезе ФИТР без чија поддршка оваа идеја многу тешко ќе беше реализирана. Покрај поддршката за развој на самиот производ, ФИТР многу ни помогна за целокупниот развој на бизнисот – нови вработувања, патентирање на производот и пласирање на светските пазари“, рече претставничката на „Книготека“.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

Трајковски: Со поддршка од ФИТР, „Скопје“ ќе го освои целиот свет

Македонската компанија Dark-1 се занимава со развој на видео игри. Ова е сфера која е малку развиена во нашата држава и бара многу финансии, како и време за развој.

„Покрај финансиската поддршка од ФИТР без која видео играта „Скопје“ немаше да биде возможно да се изработи, дополнително добиваме и менторирање од страна на Фондот, како и постојана поддршка“, истакна Кристијан Трајковски во името на компанијата „Dark-1“ пред присутните на настанот.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

Карас: Со поддршката од ФИТР, нашиот продукт ќе стане светски познат бренд

Македонската компанија Кодвел/Codewell работи на полето на вештачката интелигенција со фокус на дигитални асистенти и мобилни апликации.

„Нашиот проект ‘Дона’ е асистент базиран на вештачка интелигенција кој е наменет за HR сферата и има за цел да го иновира начинот на кој компаниите ги мерат перформансите на своите вработени. Се работи за технолошки продукт кој инволвира сериозен и долг процес на истражување и развој, а за што ни беа потребни многу време и ресурси“, истакна Нино Карас, коосновач и управител на компанијата „Кодвел“ пред присутните на настанот.

Тој истакна дека благодарение на Фондот за иновации и технолошки развој и заедничката инвестиција како компанија се решиле да се впуштат во овој предизвик со интенција тој да стане светски познат продукт.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

Микротика на Докстим поддржана од ФИТР – Создаваме успешни приказни

Докстим: Поддршката од ФИТР за нашиот проект #Микротика дојде во клучен момент кога размислувавме на кој начин ќе формираме тим и како да ја заокружиме нашата идеја.

„Од тие причини и решивме дека можеме да започнеме со реализацијата на проектот бидејќи имаме поддршка, а на нашиот тим останува да се посвети на она што најдобро го прави и да бидеме слободни во она што најдобро знаеме да го работиме. Веќе ја имаме првата верзија на нашата апликација. Она што следи и за кое ја имаме огромна поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој е проширување на нашата идеја на светскиот пазар.“, посочи Раде Десподовски, од компанијата Докстим, чиј проект е поддржан од Фондот.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

Кузмановиќ: Поддршката од ФИТР за компаниите е многу важна во за создавање на успешни приказни

Стратум рид со проектот „Импала“ е првата македонска компанија од целиот регион на ЈИЕ која во следните 10 години е поканета на Светскиот иновациски форум во Давос!

„Пред 1,5 година за прв пат почувствував поддршка од државата преку ФИТР. Затоа, ве молам да не престанувате со ширење на позитивна енергија помеѓу бизнис секторот каква што немало до сега. Никогаш до сега не се развивале толку креативни решенија и се отвора простор за младите да направат нешто во својата земја кое ќе остане трајна вредност, посочи Весна Кузмановиќ, тим лидер на проектот „Импала“ кој е поддржан од Фондот.

Финансиската поддршка која ја добиваме е многу важна, истакна Кузмановиќ на промотивниот настан на ФИТР насловен „Создаваме #УспешниПриказни“.

„Но, во исто време, од непроценливо значење се односите и поддршката која ФИТР ја изгради со меѓународните стратешки партнери, бидејќи напорите на Фондот се препознаени секаде и тие гледаат во него партнер на македонските компании“, рече Кузмановиќ пред присутните на настанот.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

Создаваме успешни приказни – ФИТР досега поддржа 314 компании, 54 училишта и 30 организации

Во 2019 година во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) пристигнаа дури 487 апликации за поддршка, што е тројно повеќе од првиот повик во 2015 година кога беа пријавени се 158 апликации. Владата го следеше зголемениот интерес и Буџетот за поддршка на иновации од 1,2 милиони евра поддршка во 2015 година, во 2019 година изнесува дури 11.2 мил евра, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев на презентацијата на работата на ФИТР во 2019 и на кампањата „Создаваме успешни приказни“. На настанот се обратија и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Создаваме успешни приказни - ФИТР промо настан 2

„Резултатите од одобрените проекти се одлични. Во компаниите што добија поддршка преку Фондот за иновации и технолошки развој приходите од работењето пораснаа за 50 отсто, нето добивката пораснала за вртоглави 64 отсто, бројот на вработени е зголемен за 27 отсто, а просечната месечна плата пораснала за 40 отсто. Дури 839.3 илјади евра или 39 отсто од средствата што биле доделени како грант се вратени во Буџетот преку данокот на добивка и задолжителни придонеси на поддржаните компании“, истакна премиерот Заев

Вкупниот број на вработени во грантираните компании изнесува 769 вработени, од кои дури 360 се ново отворени места благодарение на финансиската поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, посочи Заев.

„Просечната плата во овие компании е 700 евра. Тоа се бројките на успехот. Тоа се бројките што ја прават голема насмевката на лицата на 769 вработени“, рече премиерот Заев.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, потсети дека една од главните задачи на Владата на самиот почеток на мандатот, беше да се креираат конкретни и ефикасни мерки со кои се овозможи реална и силна поддршка на македонската економија со Планот за економски раст, кој се темели на три столба.

„Мерките од третиот столб на Планот за економски раст се конкретно насочени кон микро, малите и средни компании и се имплементираат токму преку Фондот за иновации и технолошки развој. Изминатите две и пол години преку повеќе инструменти се подржани се вкупно 314 компании во вредност од околу 57 милиони евра, од кои 22 милиона евра се учество на самите компании, а приближно 35 милиони евра се средства коишто се наменети од Фондот, односно од Буџетот и финансиски средства од Светска банка. Главната порака од овие проекти со сите граѓани, особено кон младите луѓе е: Останете во Република Северна Македонија и не чекајте да бидете вработени. Создадете своја фирма, креирајте свои производи, државата ќе ви помогне во развојот и комерцијализација на производите“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски рече дека семејството на ФИТР во изминативе две години порасна на 314 компании, 54 поддржани училишта и над 30 партнерски организации.

„Го зголемивме обемот на инвестиции во домашните компании за 57 пати. Две и пол години работиме, и две и пол години слушаме и критика и тоа голема. Не беше лесно да се помине сето тоа. Но, ова што гледате тука се реални луѓе, реални проекти и реални успешни приказни, а не измислени работи. Одбравме дел од нашите корисници да ни бидат амбасадори и  преку нивните приказни да го доближиме заедничкиот успех. Гледате околу вас дека станува збор за луѓе од вашето соседство, ваши врсници, луѓе кои ги познавате и кои веќе успешно ги развиваат сопствените бизниси. И тие треба да бидат наша, ваша и заедничка инспирација и мотив да продолжиме понатаму. Во следниот период ќе слушате и гледате многу вакви успешни приказни. Нашата политика и нашата посветеност е да продолжи поддршката на економијата“, рече директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на презентацијата на работата на ФИТР во 2019 и на кампањата „Создаваме успешни приказни“.

Создаваме успешни приказни - ФИТР промо настан 3