Posts

„Предизвик за млади истражувачи“ објавен по трет пат

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) по трет пат објавува јавен повик  “Предизвик за млади истражувачи“ чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

Повикот е наменет за сите основни и средни училишта, а истражувачките проекти на кои треба да работат деца во тимови од три до седум ученици предводени од ментори, треба да се од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се заснова на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а предложените проекти треба да дадат видливи резултати. 

Предност имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите (имаат еднаква родова застапеност, вклучуваат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти и слично) и се поднесени од училишта од рурални средини.

Објавен „Предизвик за млади истражувачи 3“ 2

Вкупниот буџет за овој предизвик изнесува 6.000.000 (шест милиони) денари. Буџетот на поединечен предлог проект е до 300.000 (триста илјади) денари, односно дополнителни 30.000 денари за  ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.

„Предизвик за млади истражувачи“ се објавува по трет пат. Искуството од минатите две години ни кажува дека успеавме да ги мотивираме учениците да работат на научно- истражувачки проекти. Ова претствува и интелектуален стимул за учениците и шанса да се стекнат и развијат меки вештини, како тимска работа, споделување и делење информации и јавно говорење. До сега имаме поддржано 54 училишта кои работат на вакви проекти а во кој се вклучени околу 500 ученици и професори. Само минатата година имавме стотина пријавени училишта, но оваа година очекуваме таа бројка да се зголеми,“ изјави Николина Стојанова од секторот за спроведување програми на ФИТР.

На настанот своите проекти ги презентираа добитните проекти  на основното училиште „Манчу Матак“ од Кривогаштани – „Со природни ресурси до еколошки здрава животна средина“, како и на средното приватно училиште САБА од Скопје – „Систем за детекција на гасовите во воздухот во работни простории“. Учениците кои ги изработија овие  проекти пред ученици од скопските гимназии „Никола Карев“ и  „Орце Николов“, како и основното училиште „Гоце Делчев“ говореа за нивната мотивација и го споделија нивното искуство од реализацијата на проектот и што тоа значи за нивното училиште.

Објавен „Предизвик за млади истражувачи 3“ 3

„Со овој проект покажавме дека науката може да се примени за да се надминат проблеми со кои се соочуваме во нашето секојдневие. Сите наши соученици сега внимаваат повеќе кога станува збор за животната средина, и сфативме дека ако заеднички работиме на истражувачки проекти, можеме да направиме голема промена таму кај што живееме,“ сподели ученичка од училиштето „Манчу Матак“.

Инаку „Предизвик за млади истражувачи“ е јавен повик кој Фондот го спроведува во соработка со Министерство за образование и наука и е дел од концептот кој го развива ФИТР – „Фонд за млади умови“. Оваа национална сеопфатна рамка за поддршка предвидено е да опфати поддршка преку веќе постоечки успешни иницијативи, да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите, како и негување и унапредување на талентите кај децата.

Предлог проектите што ќе пристигнат во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ ќе се оценуваат според квалитетот на проектот, применливост на резултатите од истражувањето, усогласеност на предлог-проектот со целите на јавниот повик и капацитет на проектниот тим.

Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој ФИТР го објави денес ќе трае до 16.03.2020 година. Условите за аплицирање и критериумите за подобност на предлог проектите и сите дополнителни информации се на www.fitr.mk/predizvikzamladi3

Објавен „Предизвик за млади истражувачи 3“ 4

Царовска и Деспотовски во посета на ИТ компанијата Докстим – Преку ФИТР поддржани 314 мали и средни компании, се реализираат проекти во вредност од 57 милиони евра

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, ја посетија иновативната ИТ компанија Докстим, којашто е корисник на инструментот за кофинансирани грантови за иновации.

Вицепремиерката Царовска посочи дека во изминатите две и пол години Фондот за иновации и технолошки развој значително го зголемил опфатот на компаниите коишто се поддржани. Ако во 2017 година во портфолиото на фондот биле само триесетина компании со вкупна поддршка од околу 1 милион евра, во моментов се поддржани 314 микро, мали и средни компании, а вкупните проекти се со вредност од 57 милиони евра, што значи дека поддршката од ФИТР кон компаниите е зголемена за над 50 пати, посочи Царовска.

ЗПВРСМ Царовска и ДФИТР Деспотовски во посета на Докстим и Микротика 2

„Преку мерките од Планот за економски раст, кој се спроведуваат преку Фондот за иновации и технолошки развој, поддржани се 314 компании кои реализираат проекти во вкупна вредност од околу 57 милиони евра, од кои 34 милиони евра се поддршка преку Фондот, односно од буџетските средства. Важно е дека се поддржуваат компании на целата територија, односно во повеќе општини и во различни сектори. Застапени се компании од ИТ индустријата, но и од земјоделството, производство и преработувачка на храна, автомобилска индустрија, градежништвото и многу други сектори. Микро, малите и средни компании се двигател на економскиот раст и преку вакви фондови државата треба да продолжи да го поддржува нивниот развој“, потенцираше вицепремиерката Царовска.

Директорот на ФИТР, Деспотовски се осврна на проектот на компанијата Докстим, една од многуте ИТ компании кои се развиваат со поддршка од Фондот.

„Докстим е само една компанија, пример кој потврдува дека вложувањето и поддршката на домашните компании, преку инструментите на Фондот создава успешни приказни и проекти.

Компанијата Докстим веќе успешно работи и на странските пазари, и e една од нашите амбасадори во кампањата „Создаваме успешни приказни“ преку која ги презентираме резултатите од работата на ФИТР. Токму преку овие примери, покажавме дека со вложување во домашните компании во изминативе две години успеавме да ја зацврстиме домашната економија, како што гледате овде – да ги задржиме младите, и наместо да извезуваме луѓе да извезуваме успешни бизнис приказни. Исто така успевме и да ја вратиме довербата во системот. Доказ за тоа се бројките. Еве само на последните два повика кои се во тек имаме голем интерес. До сега само за инструментот за технолошки развој се преземени 480 апликациски пакети, додека за стартап и спиноф компании веќе се преземени 313 апликациски пакети. Ова е повеќе од мотив да продолжиме и понатаму со вакви мерки кои даваат реални резултати“, нагласи Деспотовски.

ЗПВРСМ Царовска и ДФИТР Деспотовски во посета на Докстим и Микротика 3

„Книготека“ поддржана од ФИТР – Создаваме успешни приказни!

„Книготека“ е првата македонска дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде на едно место може да се најдат изданијата на голем број домашни издавачки куќи.

„Нашата идеја започна пред неколку години со лансирањето на проектот Македоника. Станува збор за една благородна идеја за зачувување на целокупното македонско литературно наследство за што ја создадовме и фондацијата Македоника, како и бесплатната дигитална библиотека која овозможува читање на електронски книги“, истакна Марија Ичокаева од „Книготека“ пред присутните на настанот.

Додека го развивавме проектот со целиот тим, посочи Ичокаева, постојано го следевме пазарот на електронски книги и сфативме дека издавачите од целиот свет имаат голема потреба да креираат сопствена дигитална книжарница, како и да го прилагодат своето работење на денешните технолошки промени и брзиот развој на дигиталното општество.

„За таа цел, решивме да ја доразвиеме нашата платформа и да ја понудиме на издавачкиот пазар, а на тој пат најмногу во пресрет ни излезе ФИТР без чија поддршка оваа идеја многу тешко ќе беше реализирана. Покрај поддршката за развој на самиот производ, ФИТР многу ни помогна за целокупниот развој на бизнисот – нови вработувања, патентирање на производот и пласирање на светските пазари“, рече претставничката на „Книготека“.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

ФИТР и Македонска банкарска асоцијација потпишаа меморандум за соработка за олеснет пристап до финансиски средства за домашните компании

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Македонската банкарска асоцијација потпишаа Меморандум за соработка за олеснување и зголемување на пристапот до финансиски средства за домашните компании и отворање на дополнителни можности за инвестирање во иновации.

Со Меморандумот е предвидено Фондот и деловните банки да соработуваат во креирање на посебни финансиски инструменти кај банкарскиот сектор за финансиска поддршка на компаниите за развој на иновации. Со програмите би биле опфатени компании што имаат потреба од ко-финансирање на проекти, за кои Фондот обезбедува дел од средствата, но и компании кои аплицирале, но не успеале да обезбедат финансиска поддршка од Фондот, заради ограничени ресурси. Со ова се очекува и банкарскиот сектор во државата поактивно да се вклучи во финансирање на проекти со потенцијал за значителен раст.

Целта на овој документ е и промоција на економскиот раст и одржлив развој преку поттикнување на претприемничката култура што вклучува и заеднички едукативни и промотивни активности, зголемување на нивото на финансиската писменост за бизнис развој и комерцијализација на иновации.

Меморандумот за соработка го потпишаа директорот на Фондот, Јован Деспотовски и претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева. Деспотовски нагласи дека Фондот за иновации и технолошки развој, со потпишувањето на овој меморандум, прави конкретни чекори во поглед на олеснувањето на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средните компании во државата.

„Со потпишувањето на овој меморандум, Фондот, заедно со Македонската банкарска асоцијација, реално придонесува кон натамошно проширување на можностите за финансирање на домашните компании, во делот на иновациите и технолошкиот развој, а со тоа и раст и развој на целокупната економија. Се надевам дека во иднина овие наши конкретни чекори ќе им овозможат на домашните компании да уживаат во придобивките од една стабилна и одржлива економија,“ посочи Деспотовски.

Маја Стевкова Штериева ја потврди заложбата на Македонската банкарска асоцијација со конкретни дејствија да се олесни пристапот на домашните компании до финансии, преку организирање обуки и тренинзи, и преземање конкретни активности за подобрување на финансиската писменост на потенцијалните апликанти.

“Кон крајот на мината година, Фондот за иновации и технолошки развој ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании пред членките на Македонската банкарска асоцијација. На средбата дискутиравме за кредитна поддршка  на банките за корисниците на ФИТР и за компаниите чии предлог проекти поради ограничените финансиски ресурси на Фондот не се одобрени за финансирање, а имаат потенцијал за реализација и развој на проектот. Претставниците на банките  изразија подготвеност да ги разгледаат сите можности за соработка и поддршка во финансирањето. Во таа смисла беше договорено да се воспостави систем за размена на информации помеѓу ФИТР И МБА со цел реализација на овие иницијативи.

Со потпишувањето на овој меморандум за соработка, ќе се овозможи идентификување на компании кои се јавиле како апликанти на повиците на Фондот и не се избрани за доделување на финансиска поддршка од страна на Фондот, како и компании корисници на финансиска поддршка од Фондот кои би имале интерес за дополнителна финансиска поддршка од страна на банките – членки на МБА, со цел да се овозможи  реализација на нивните бизнис планови,“ изјави Штериева.

Трајковски: Со поддршка од ФИТР, „Скопје“ ќе го освои целиот свет

Македонската компанија Dark-1 се занимава со развој на видео игри. Ова е сфера која е малку развиена во нашата држава и бара многу финансии, како и време за развој.

„Покрај финансиската поддршка од ФИТР без која видео играта „Скопје“ немаше да биде возможно да се изработи, дополнително добиваме и менторирање од страна на Фондот, како и постојана поддршка“, истакна Кристијан Трајковски во името на компанијата „Dark-1“ пред присутните на настанот.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

45 компании аплицираа по скратена постапка – Вкупен обем на инвестиции 8.8 милиони евра

Четириесет и пет домашни компании ја искористија можноста да аплицираат преку новововедената скратена „fast track“ постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР.

Компаниите од Фондот побаруваат 2 милиони и 750 илјади евра, што е речиси 92% од вкупниот буџет наменет за овој повик во рамките на скратената постапка кој изнесува 3 милиони евра. Вкупниот обем на инвестиции е 8.8 милиони евра од кои над 6 милиони се инвестиции на самите компании, со оглед на фактот дека со овој повик Владата обезбедува до 30%, а останатите 70 % се влог на компаниите.

Најголем дел од компаниите апликанти се мали (24) и микро (17) претпријатија,  додека останатите се средни (4). За потребите на инвестициите за микро претпријатија и микро ПЗУ финансирањето изнесува максимален износ од 5 милиони денари, додека  за мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи ќе биде овозможено финансирање во максимален износ од 10 милиони денари.

Компаниите апликанти се речиси од целата земја, меѓу кои во најголем дел од Скопје, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Тетово и Гостивар. Нивните проекти со кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области од кои доминантно во секторот, трговија и продажба, како и маркетинг, земјоделие, градежништво, енергетика, угостителство и медицина.

Според Правилникот за аплицирање по скратена постапка овие проекти одат директно во фазата на финална селекција во која крајната одлука ја носи Комитетот за одобрување на инвестиции. Комитетот ќе заседава кон крајот на јануари, а ова ќе биде прва седница на Комитетот во нов состав, со новоизбраните членови Ноел Грегор Патерсон Џорџ од Велика Британија и Вибху Шарма од Холандија. Двајцата се експерти од областа на иновации и нови технологии. Тие се именувани од Владата на Република Северна Македонија, а се избрани на јавен меѓународен оглас кој беше распишан во септември 2019 поради истекот на двогодишниот мандат на двајца од вкупно пет членови на Комитетот. Во постапката за избор на членовите на КОИ, по иницијатива на Фондот, за првпат беа вклучени и претставници на стопанските комори.

Компаниите и нивните инвестициски предлози ќе се оценуваат според пет категории: технолошки напредок, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на проектниот тим и влијание на проектот.

Инаку, Фондот ја воведе скратената постапка со цел олеснета процедура за апликантите кои ја поминале фазата на административна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање. Од овој повик, па во иднина овие апликанти можат повторно да аплицираат на јавен повик со истиот, односно подобрен предлог проект, со што се намалуваат и трошоците за компаниите, но и на Фондот, а  значително се намалува времето од аплицирање до конечната одлука на Комитетот.

Јавниот повик по скратена постапка беше отворен од 13 до 27 декември,2019 година. Повикот за кофинансирани грантови за технолошки развој по редовна постапка останува и понатаму отворен до 05 февруари 2020 година. (http://www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj/)

Карас: Со поддршката од ФИТР, нашиот продукт ќе стане светски познат бренд

Македонската компанија Кодвел/Codewell работи на полето на вештачката интелигенција со фокус на дигитални асистенти и мобилни апликации.

„Нашиот проект ‘Дона’ е асистент базиран на вештачка интелигенција кој е наменет за HR сферата и има за цел да го иновира начинот на кој компаниите ги мерат перформансите на своите вработени. Се работи за технолошки продукт кој инволвира сериозен и долг процес на истражување и развој, а за што ни беа потребни многу време и ресурси“, истакна Нино Карас, коосновач и управител на компанијата „Кодвел“ пред присутните на настанот.

Тој истакна дека благодарение на Фондот за иновации и технолошки развој и заедничката инвестиција како компанија се решиле да се впуштат во овој предизвик со интенција тој да стане светски познат продукт.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!

Микротика на Докстим поддржана од ФИТР – Создаваме успешни приказни

Докстим: Поддршката од ФИТР за нашиот проект #Микротика дојде во клучен момент кога размислувавме на кој начин ќе формираме тим и како да ја заокружиме нашата идеја.

„Од тие причини и решивме дека можеме да започнеме со реализацијата на проектот бидејќи имаме поддршка, а на нашиот тим останува да се посвети на она што најдобро го прави и да бидеме слободни во она што најдобро знаеме да го работиме. Веќе ја имаме првата верзија на нашата апликација. Она што следи и за кое ја имаме огромна поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој е проширување на нашата идеја на светскиот пазар.“, посочи Раде Десподовски, од компанијата Докстим, чиј проект е поддржан од Фондот.

Во 2019 година семејството на ФИТР се искачи на 314 македонски компании, 54 поддржани училишта со директно вклучени над 500 ученици, како и повеќе од 30 партнерски организации.

Заедно за уште многу #УспешниПриказни!