Posts

„Паметна“ и “Хидропонична градина“ – претставени проектите на кумановски ученици поддржани од ФИТР

Учениците од основното училиште “Крсте Мисирков“ од Куманово оддржаа презентација на проектите “Хидропонична градина“ и “Паметна градина“ кои се поддржани од Фонд за иновации и технолошки развој во рамките на програмите за млади – „Предизвик за млади истражувачи 1“ и АПШИФТ, која се имплементира во соработка со УНИЦЕФ и СИД Хаб.

Проектот „Хидропонична градина“ работи на безпочвено одгледување на растенија, со збогатена вода со хранливи материи и има за цел да обезбеди производство на поздрави растенија и нивен побрз раст, доека проектот „Паметна градина“ нуди одгледување на растенијата со примена на паметна технологија и сензори што треба да придонесе кон поефикасно производство и генерирање профит кој би се вложил во пошироката заедница.

Посета на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Куманово 2

„Навистина импресионира ова што го видовме овде, како и овие млади луѓе кои ја заслужуваат нашата поддршка. Нивните резултати се уште еден доказ и аргумент повеќе за нас да се бориме да обезбедиме што повеќе средства токму за овие деца. Нашата порака е дека стоиме зад нив, и Фондот, и Владата, и општината – и ќе ги поддржуваме нивните иницијативи. Целта е да се развие критичкото и креативното размислување во оваа фаза, а понатаму да зборуваме за формирање на сопствени бизниси. Клучната цел е овие млади луѓе да ја препознаат Македонија како место за живеење, а не да заминуваат. Да сфатат дека оваа држава и ова општество сега веќе нуди можности за сите нивни идеи и проекти за подобар живот токму тука“, изјави Јован Деспотовски директор на ФИТР.

Тој доде дека ова се едни од најдобро вложените средства и најави нови програми за поддршка на младите меѓу кои и концептот „Фонд за млади умови“ на ФИТР кој треба да опфати спојување на веќе постоечки успешни иницијативи, како и да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите и унапредување на талентите кај децата.

Посета на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Куманово 3

Директорот на училиштетот „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ нагласи дека успешноста на ваквите проекти се должи исклучиво на добрата тимска работа и истакна дека е гордост да се има вакви креативни и иновативни ученици и наставници кои иницираат и работат на реализација на научно-истражувачки и иновативни проекти. На овие проекти работат 20 деца под менторство на професорите, Емилија Поп Глигорова и Бобан Поповски.

Училиштето „Крсте Мисирков“ од Куманово е едно од 54 основни и средни училишта кои реализират проекти за истражување подржани од ФИТР. Само во изминатите 18 месеци Фондот вложи над 16 милиони денари во различни програми и иницијативи наменети за поддршка на младите, во кои се вклучени над 500 деца.

Третиот по ред повик за „Предизвик за млади истражувачи“ е планирано да се распише следната година, додека за програмата за социјално претприемништво UPSHIFT, во тек е периодот на аплицирање.

Посета на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Куманово 4

Отворен е повикот за третиот UPSHIFT предизвик

Охрабрени од разултатите од претходните 2 циклуси, CEED Hub Скопје, со задоволство го објавува повикот за третиот циклус на апликации со иновативни идеи за решавање на социјалните проблеми во нашето општество.

Бидејќи секојдневно се соочуваме со голем број на општествени предизвици кои имаат големо влијание врз нашите животи, оваа програма има за цел да ги поттикне младите да ги препознаат истите и да понудат иновативни решенија во вид на производ или услуга.

UPSHIFT програмата ќе помогне и ќе ја поддржи реализацијата на решенијата на социјалните проблеми од заедницата. Заинтересираните учесници е потребно да формираат тим од 2-5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја испратат пополнетата апликацијата најдоцна до 10.03.2019.

Апликацијата е достапна ТУКА

Со учеството во програмата:

  • ќе стекнете нови вештини и знаења кои се применливи во решавање на било каков проблем.
  • ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница а и пошироко;
  • ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
  • ќе стекнете нови пријателства и
  • ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Затоа, силно ве охрабруваме да го пронајдете проблемот кој најмногу ве предизвикува и изнајдете решение за истиот.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување контактирате со Маја Трајкова на: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.

Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.

ФИТР со нова иницијатива „Петок за млади“

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) започна со нова иницијатива „#Петок за млади @ФИТР“ со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите.

Овој петок (12.10.2018) започнавме со презентација на победничките проекти на учениците од пет средни училишта кои ги креираа во рамките на првата работилница за социјално претприемништво #UPSHIFT, која изминатата недела се одржа во Маврово, со поддршка на ФИТР и УНИЦЕФ.

Петок за млади @ФИТР (12.10.2018 година)  4

„Оваа иницијатива е дел од новата програма на ФИТР – #Млади, со која сакаме да ги вклучиме младите уште од најрана возраст да почнат да истражуваат и да развијат критичка мисла, да се научат да развиваат иновативни проекти преку дружење и интеракција“, рече Деспотовски.

Директорот на ФИТР најави дека редовно ќе се организираат вакви иновативни тематски работилници со ученици од основни и средни училишта, а Фондот ќе објави и нов #Предизвик за млади истражувачи.

„Идеjата е да ги мотивираме децата да учат преку истражување, преку прашување, преку пронаоѓање на некои свои вистини со кои ќе ги поттикнеме да размислуваат критички и макар и да е погрешно, да кажат „не“. Не да читаат се од книги туку и самите да се обидат да направат нешто без да се плашат, “ рече Деспотовски.

Петок за млади @ФИТР (12.10.2018 година)  3

Проектите кои денеска ги презентираа тимовите средношколци се однесуваат на подигање на еколошката свест: „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ и „Бон тон правила за животна околина“,проектот „Дружење без граници“ за поддршка на деца со посебни потреби, проектот за здрава храна „Енергични бомбици“,како и проектот „Динамик дуо“ за обновливи енергии. Потоа следуваше и заедничка креативна работилница. Специјални гости беа ученици од ОУ “Димитар Миладинов“ од Скопје.

Петок за млади @ФИТР (12.10.2018 година)  4

Куса презентација на проектите и нивните тимови:

• Тимот на СУГС Владо Тасевски од Скопје со проектот „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ – Продажба на стаклени шишиња или термоси со посебни стикери со еколошка порака со цел подигање на еколошката свест за последиците од прекумерниот отпад од пластични шишиња.

• Тимот на Средното економско општинско училиште „Гостивар“ од Гостивар со проектот „Бон тон правила за животна околина“ – Набавка на посебни канти за отпадоци со 4 отвори и изработка на мобилна апликација која ќе сигнализира дали ѓубрето се фрла на право место. Целта е подигање на еколошката свест.

• Тимот на ПСУ „САБА“ со проектот „Дружење без граници“ – Дневен центар за основци и средношколци со посебни потреби, со волонтерска помош тим психолози и дефектолози.

• Тимот на ДСУ „Орце Николов“ од Скопје со проектот „Динамик Дуо“ – Две станици за полнење мобилни телефон, напојување со струја на мобилните телефони преку употреба на статични точаци.

• Тимот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица со проектот „Енергични бомбици“ – Отворање на ресторан во своето училиште со мени со избор на здрава храна: смути, органски палачинки, свежи сокови и слично. Планот на тимот е вработување на двајца професионалци, како и волонтерски ангажман од страна на учениците.

Овие проекти беа наградени во рамките на програмата #UPSHIFT за социјално претприемништво која има за цел да им помогне на тимовите ученици во развивањето на иновативни идеи.

Петок за млади @ФИТР (12.10.2018 година)  2

Покана за настан „Петок за млади во ФИТР“

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) започнува со нова иницијатива  „#Петок за млади @ФИТР“. Со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите, меѓу другото, редовно ќе се организираат иновативни тематски работилници со ученици од основни и средни училишта.

Започнуваме овој петок (12.10.2018) со презентација на победничките проекти на учениците од пет средни училишта кои ги креираа во рамките на работилницата за социјално претприемништво UPSHIFT, која изминатата недела се одржа во Маврово, со поддршка на ФИТР и УНИЦЕФ.

Cover photo Петок за млади во ФИТР

Меѓу нив се и проектите за подгигнување на еколошката свест: „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ и „Бон тон правила за животна околина“, проектот „Дружење без граници“  за поддршка на деца со посебни потреби, проектот за здрава храна „Енергични бомбици“ и проектот „Динамик дуо“  за обновливи енергии. Потоа следува и заедничка креативна работилница. Специјални гости ќе ни бидат ученици од ОУ “Димитар Миладинов“ од Скопје.

Оваа иницијатива е дел од  новата програма на ФИТР – #Млади со која сакаме да ги вклучиме младите уште од најрана возраст да почнат да истражуваат и да развијат критичка мисла, да се научат да развиваат иновативни проекти преку дружење и интеракција.

Настанот ќе се одржи во просториите на ФИТР (Градски трговски центар, на прв спрат, локал 6, Д.Е. 220, наспроти Жена парк) со почеток во 10.30 часот.

Најава на прв настан „#ПетокЗаМлади @ФИТР“

„#ПетокЗаМлади @ФИТР“ е нов серијал на настани кој ќе биде посветен на младите и иновациите. Иако во својата секојдневна работа, Фондот за иновации и технолошки развој активно работи на поттикнувањето на иновациските и претприемачки вештини помеѓу младите, еден петок во месецот ќе биде тематски фокусиран на младата популација.

Овој петок, 12.10.2018 година планираме инспиративен настан за дел од основците од ОУ „Димитар Миладинов“ од Скопје. Покрај презентација на работата на ФИТР, основците ќе имаат можност да се запознаат и со победничките тимови и идеи во рамките на работилницата за социјално претприемништво UPSHIFT, која изминатата недела се одржа во Маврово, а ја организираше CEED Hub Скопје со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ.

Настанот е отворен за јавноста. Ве покануваме да земете учество, затоа што овој #ПетокЗаМлади е во ФИТР!

Cover photo Петок за млади во ФИТР

Кусо инфо за 5те победнички тимови и нивните проекти на UPSHIFT работилницата за социјално претприемништво:

  • Тимот на СУГС Владо Тасевски од Скопје со проектот „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ – Продажба на стаклени шишиња или термоси со посебни стикери со еколошка порака со цел подигање на еколошката свест за последиците од прекумерниот отпад од пластични шишиња.
  • Тимот на Средното економско општинско училиште „Гостивар“ од Гостивар со проектот „Бон тон правила за животна околина“ – Набавка на посебни канти за отпадоци со 4 отвори и изработка на мобилна апликација која ќе сигнализира дали ѓубрето се фрла на право место. Целта е подигање на еколошката свест.
  • Тимот на ПСУ „САБА“ со проектот „Дружење без граници“ – Дневен центар за основци и средношколци со посебни потреби, со волонтерска помош тим психолози и дефектолози.
  • Тимот на ДСУ „Орце Николов“ од Скопје со проектот „Динамик Дуо“ – Две станици за полнење мобилни телефон, напојување со струја на мобилните телефони преку употреба на статични точаци.
  • Тимот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица со проектот „Енергични бомбици“ – Отворање на ресторан во своето училиште со мени со избор на здрава храна: смути, органски палачинки, свежи сокови и слично. Планот на тимот е вработување на двајца професионалци, како и волонтерски ангажман од страна на учениците.

Прогласени победничките тимови – Успешно заврши првата UPSHIFT работилница со поддршка на ФИТР и УНИЦЕФ

Голема посветеност, активност и вистинска иновативност покажаа тимовите основци и средношколци на првата UPSHIFT работилница за социјално претприемништво која ја организираше CEED Hub Скопје, а беше поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ.

По тродневна активна работа која се состоеше од идентификуваање на социјални проблеми и дискусија како овие проблеми да се надминат преку создавање на одржливо бизнис решение, беа прогласени 5те победнички тимови и нивните проекти кои ќе добијат финансиска поддршка:

  • Тимот на СУГС Владо Тасевски од Скопје со проектот „Дај пластичен кош, не биди повеќе за природата лош“ – Продажба на стаклени шишиња или термоси со посебни стикери со еколошка порака со цел подигање на еколошката свест за последиците од прекумерниот отпад од пластични шишиња.
  • Тимот на Средното економско општинско училиште „Гостивар“ од Гостивар со проектот „Бон тон правила за животна околина“ – Набавка на посебни канти за отпадоци со 4 отвори и изработка на мобилна апликација која ќе сигнализира дали ѓубрето се фрла на право место. Целта е подигање на еколошката свест.
  • Тимот на ПСУ „САБА“ со проектот „Дружење без граници“ – Дневен центар за основци и средношколци со посебни потреби, со волонтерска помош тим психолози и дефектолози.
  • Тимот на ДСУ „Орце Николов“ од Скопје со проектот „Динамик Дуо“ – Две станици за полнење мобилни телефон, напојување со струја на мобилните телефони преку употреба на статични точаци.
  • Тимот на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица со проектот „Енергични бомбици“ – Отворање на ресторан во своето училиште со мени со избор на здрава храна: смути, органски палачинки, свежи сокови и слично. Планот на тимот е вработување на двајца професионалци, како и волонтерски ангажман од страна на учениците.

Тродневната UPSHIFT работилница се одржа во Маврово, а учесниците беа дел од програма која се спроведува на светско ниво. Оваа прва работилница од ваков тип имаше за цел развој на претприемачките вештини кај младите кои треба да станат составен дел од наставните програми и стратегии за развој на образованието во Република Македонија.

Се одржува прва UPSHIFT работилница со поддршка на ФИТР и УНИЦЕФ

Од денес до 06 октомври, десет тимови на идни претприемачи, составени од ученици од основни и средни училишта, учествуваат на првата UPSHIFT работилница за социјално претприемништво во организација на CEED HUB Скопје, а поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УНИЦЕФ.

UPSHIFT работилницата се одржува во Маврово, а во наредните 3 дена, учесниците ќе бидат дел од оваа програма која се спроведува на светско ниво. Тие ќе учат и ќе се дружат, а ќе ги развиваат нивните идеи за подобрување на средината во која живеат.

10 тима учествуваат во најтесниот круг, а а победничките 5 тима ќе добијат финансиска поддршка. Инаку на јавниот повик за учество кој траеше до 15 септември можеа да се пријават тимови на ученици на возраст од 13 до 19 години.