Компанија Вебглајдерс ПСЦ од видео за ФИТР

„Winetours.Guru“ на Вебглајдерс со поддршка од ФИТР

Проектот „WINETOURS.GURU – Платформа за љубители на вино“ е на домашната компанија Вебглајдерс која е формирана во 2011 година во Крушево. На почетокот оваа компанија се занимавала со давање на информатички услуги за клиенти од Македонија и странство.

„Пред 2 години започнавме со работа на наш сопствен продукт – платформата за резервации на алтернативни тури и понуди „When in X“. Во истата насока продолжуваме и со овој проект – Winetours.guru кој претставува платформа за љубителите на виното. Платформата има три сегменти: првата е резервации на вински тури и соодвтетни услуги, дегустации и спиење во винариите. Втор сегмент е електронската комерција т.е. продажба на вино и дополнителни производи, додека третиот сегмент е вмрежување на винарниците заедно со љубителите на вино“, истакнуваат од компанијата Вебглајдерс.

„Со добиената поддршка од страна на #ФИТР очекуваме целосно да ја развиеме платформата до фаза на комерцијализација, како и пролетта 2019 година да ја исфрлиме на пазарот првата верзија. За почеток очекуваме да ги опфатиме домашниот, како и регионалните пазари, односно Словенија и Хрватска. Заедно со нашиот соработник од Италија кој е вклучен во овој проект ги таргетираме и европските пазари, односно Италија, Франција, Португалија и Шпанија.“, додава претставникот на Вебглајдерс.

Компанијата Вебглајдерс е една од над 70 домашни компании/конзорциуми поддржани од ФИТР во рамките на првиот јавен повик од Планот за економски раст на @Влада на Република Македонија

Со првиот инвестициски бран се реализираат инвестиции во домашниот приватен сектор во износ од 20 милиони евра. Се ангажираат 460 лица, од кои 85 се нови работни места, со просечна плата од 48.000 денари.