Врз основа на член  член 22 став 1 точка 1 и 2 и член 23 од Законот за работните односи (,,Службен весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23) и член 3 став 4 од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Службен весник на РМ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и Службен весник на РСМ бр. 143/19, 14/20, 95/20 и 302/20), Фондот за иновации и технолошки развој Скопје на ден 25.12.2023 година, објавува

                                                                                                               ЈАВЕН ОГЛАС

                                   ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 1 (ЕДНО) ПОМОШНО ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И   ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ НА                                                                                                                             НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ БРОЈ 1/2023

1.Координатор на достава -Курир, ниво А2, шифра УПР0405А02004, во Секторот за општи, правни работи, јавни набавки и координација, Одделение за општи работи – 1 (еден) извршител

Општи услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите се:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • средна стручна подготовка
  • без работно искуство

Распоред на работно време:

  • работни денови: понеделник – петок
  • работни часови неделно: 40 часа
  • работно време: од 7:30/8:30 до 15:30/16:30

Паричен нето износ на плата за работното место изнесува 21.175,00 денари.

 Напомена: за ова работно место предвиден е 1 извршител Албанец(ка).

 Рок за пријава

Рокот за пријавување по јавниот оглас изнесува 3 дена од денот на неговото објавување во дневните весници и тоа во два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик поразличен од македонскиот јазик.

Пријавите за вработување се пополнуваат на образац изготвен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој која може да се превземе од веб страната на Фондот на копчето Преземи Пријава.

Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место за кое што конкурирале, кандидатите да ги достават во затворен плик преку архивата на Фондот за иновации и технолошки развој или преку пошта со назнака: ,,Јавен оглас за вработување на 1 (едно) помошно техничко лице во Фондот за иновации и технолошки развој на неопределено време број 1/2023”, на следната адреса ул. ГТЦ лок.6 Д.Е 220, контакт телефон 02/3145-258, лице за контакт Ивана Сазданоска.

Кандидатите со своерачно потпишаната пријава за работното место треба да ги достават доказите за инсполнување на условите, во оргинална форма или копија заверена на нотар, и тоа:

  • уверение за државјанство,
  • уверение дека со правосилна судска пресуда не му/и е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • диплома за завршен степен на образование (сите сведителства за средно образование вклучително и дипломата за завршено средно образование),
  • лекарско уверение за општа здравствена способност за работното место,
  • кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса.

Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази, нема да се разгледуваат.

Изборот ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати и тоа доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно  работно место изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.