Политика за приватност

Оваа Политика на приватност го уредува начинот на собирање и обработката на Вашите лични податоци кога ја посетувате веб страната www.fitr.mk, при аплицирање на некој од нашите јавни конкурси за доделување на средства преку инструментите и мерките за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој, при доставување на документација заради склучување на договор за доделување на средства, но и при посета на нашите простории/канцеларии, кои лични податоци се собираат, за која цел, начинот на кој се обработуваат, чуваат и штитат, рокот во кој тие се чуваат како и правата кои Вие како субјект на лични податоци ги имате.

При Вашата посета на веб страната www.fitr.mk при аплицирање на некој од нашите јавни конкурси за доделување на средства преку инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој, при доставување на документација заради склучуивање на договор за доделување на средства, но и при посета на нашите простории/канцеларии ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски обврски и овластувања.  

Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате Вашата лична согласност на Фондот за иновации и технолошки развој, под условите наведени подолу.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е:

Фонд за иновации и технолошки развој (во натамошниот текст: Фондот)

Седиште: бул Гоце Делчев бб, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Канцеларии: ГТЦ локал 6 Д.Е. 220, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Тел: + 389 (0) 2 314 5258

Е-маил: info@fitr.mk

Фондот претставува правно лице основано согласно Законот за иновациската дејност.

Офицер за заштита на лични податоци

Леа Ганзовска

Тел: +389 (0) 2 314 5258

Е-маил: lea.ganzovska@fitr.mk

Дефиниции:

  1. „Личен податок“е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
  2. „Обработка на личните податоци“е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
  3. „Субјект на лични податоци“ е физичко лице чии податоци се предмет на обработка од страна на Фондот.
  4. Овластено лице е лице вработено или ангажирано во Фондот кое има авторизиран пристап до документите и до информатичко комуникациската опрема на кои се обработуваат лични податоци.
  5. „Офицер за заштита на лични податоци“ е лице овластено од Фондот да ја следи усогласеноста на работењето на Фондот со прописите за заштита на личните податоци и со донесената документација за технички и организациски мерки. 

Лични податоци кои се собираат и начинот на кои се собираат:

  1. При посета на веб страната fitr.mk

При посета на веб страната www.fitr.mk вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на веб  страната како и за одржување на информациска сигурност на истата. Податоци се собираат по пат на колачиња (cookies) согласно Политиката за колачиња истакната на оваа страна (линк).

  1. При поднесување на поплака до Фондот

При поднесување на поплака до Фондот, без оглед дали поплаката е поднесена по писмен или електронски пат или преку веб страната www.fitr.mk од Ваша страна ќе бидат побарани име, презиме, адреса, е-маил и контакт телефон.

Целта на обработка на наведените податоци е постапување по поплаката и испитување на основаноста на истата.

Вашите податоци се чуваат од страна на Фондот во рок од 10 години , освен до доколку Вие ја повлечете Вашата согласност.

  1. При поднесување на апликација на јавен конкурс за доделување на средства преку инструментите и мерките за подршка на Фондот

При посета на веб страната www.fitr.mk од Ваша страна и поднесување на апликација на тековен јавен конкурс за доделување на средства преку инструментите и мерките за подршка на Фондот, од Ваша страна ќе бидат побарани податоци за овластените лица на апликантот вклучувајќи и за неговите  содружници/акционери, членовите на тимот кои ќе бидат ангажирани на проектот и тоа: име, презиме, живеалиште, образование, искуство, е-маил и контакт телефон.

Целта на обработка на наведените податоци е оценка на подобноста на апликантите при аплицирање на тековен јавен конкурс за доделување на средства преку инструментите и мерките за подршка на Фондот, како и утврдување на искуството и квалификациите на членовите на тимот кои се предлагаат да биде ангажирани на проектот за кој се аплицира.  

Вашите податоци се чуваат од страна на Фондот 10 години, освен доколку Вие ја повлечете Вашата согласност.

  1. При поднесување на документација од страна на корисниците на Фондот пред потпишување на Договор за доделување на средства преку инструментите и мерките за подршка на Фондот

Пред потпишување на Договор за доделување на средства преку инструментите и мерките за подршка на Фондот, помеѓу Фондот и корисникот, од страна на корисникот се бара соодветна документација потребна за подготовка на договорот. При тоа од Ваша страна ќе бидат побарани податоци за корисникот и/или за неговите овластените лица и содружници/акционери, членовите на тимот кои ќе бидат ангажирани на проектот и тоа име: презиме, живеалиште, образование, искуство, е-маил и контакт телефон.

Целта на обработка на наведените податоци е исполнување на законска обврска на Фондот за склучување на договор со апликантите за кој е донесена одлука за финансирање како и исполнување на договорна обврска воопшто.

Вашите податоци се чуваат од страна на Фондот 10 години, освен доколку Вие ја повлечете Вашата согласност.

  1. При посета на нашите простории/канцеларии

При посета на просториите/канцелариите на Фондот од Ваша страна може да бидат побарани име, презиме, контакт телефон и е-маил, со цел благовремено да Ве известиме за идни јавни конкурси за кои имате искажано интерес при посетата на просториите/канцелариите или кои би можело да Ве интересираат.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во Фондот заради испраќање на информации за идни јавни конкурси и слично.

Вашите податоци се чуваат од страна на Фондот во рок од 10 години, освен доколку Вие ја повлечете Вашата согласност.

  1. При контактирање со вработените во Фондот

При контактирање со вработените во Фондот на пример преку телефон, преку е-маил адресата на Фондот, преку социјалните мрежи а во врска со Ваши прашања, барања и потреби можат да бидат побарани податоци за име, презиме, контакт телефон и е-маил.

Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во Фондот со цел да одговорат на Вашите поставени прашања и барања.

Вашите податоци се чуваат од страна на Фондот во рок од 10 години, освен доколку Вие ја повлечете Вашата согласност.

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со услугите на Фондот, се извршуваат од страна на вработените во Фондот одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако Фондот ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Фондот и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги; и
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Фондот. 

Права на субјектот на лични податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

Фондот има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Фондот еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од Ваша страна во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на е-маил адресата на контролорот и/или на офицерот за заштита на лични податоци или на адресата на Фонодт – ГТЦ локал 6 Д.Е. 220, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Леа Ганзовска на следниов е-маил: lea.ganzovska@fitr.mk.  

Право на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на лични пдоатоци

Ако сметате дека начинот на кој Фондот ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Фондот го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната и во просториите на Фондот.